-->
-->
Најмалку 20 сунитски борци загинаа од „пријателски оган“ во Ирак
-->
Најмалку 20 борци од сунитските племиња утрово загинаа при воздушен напад во Ирак, откако биле помешани со борци на Исламска држава, соопшти ирачката полиција.
Се уште не е познато дали нападот го извршиле ирачките военовозухопловни сили или авион на коалицијата предводена од САД.
Командантот на загинатите борци шеик Незхан ал Лихајби изјави дека биле бомбардирани додека борците се прегрупирале за да одбијат напад на ИД. Тој додаде дека при нападот повредени се пет лица.
Бомбардирањето било изведено источно од градот Каијара, што беше ослободен во август од ирачките безбедносни сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство