Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
Најмалку 20 лица, од кои неколку потешко, се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен. Како што пренесува „Билд“, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба.
Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач го забрзал својот автомобил, а потоа влетал во демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.
Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе, јави ДПА.
Полициската истрага сега треба да разјасни дали возачот намерно влетал во толпата или случајно ја притиснал педалата за гас наместо сопирачката, пишува „Билд“.
Возачот е уапсен и, како што наведува полицијата, не претставува опасност за околината. Според „Билд“, се работи за 26-годишен Авганистанец. На терен и натаму се полициски припадници.
Ново на Сител
-
Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница
-
Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
-
Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето
-
Станиќ: Примивме гол од невнимание
-
Карачиќ: Не е лесно да се игра во Битола
-
Гатузо: Против Израел не одигравме во најдобра форма
-
Кузмановски: Сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите