Најмалку 20 лица загинаа во бурта „Харви“, уништени 40.000 куќи

Бројот на смртни случаи во САД од тропската бура „Харви“ достигна најмалку 20 лица, соопштија локалните власти.
Илјадници луѓе чекаат евакуација од своите домови откако во градот Хјустон, во сојузната американска држава Тексас, „Харви“ уништи 40 илјади куќи, јавуваат американските медиуми.
По Тексас бурата „Харви“ во текот на денот треба да пристигне во сојузната држава Лујзијана каде што поради силните дождови се активирал трет случај на лизгање на земјиштето.
- Имаме луѓе кои што се на вториот кат од своите куќи, каде чекаат да се намали нивото на водата, изјави судијата Ед Емет од округот Харис.
Во текот на денешниот ден најкритична е состојбата во градот Хјустон, каде се спасени 13 илјади жители од нивните домови. Вкупно 15 илјади граѓани засега се сместени во прифатни центри, објави американскиот Црвен крст од каде најавуваат дека се очекува зголемување на бројот на раселени лица поради ураганот.
По Лујзијана „Харви“ се очекува да продолжи кон Арканзас, Тенеси и Мисури каде што сите локални и владини служби се во состојба на готовност и покрај тоа што метеоролозите најавуваат намалување на интензитетот на ураганот.
На подолг рок експертите предвидуваат дека по „Харви“, порастот на нивото на морињата, загревањето на океаните и повисоките температури на воздухот, доаѓаат се посилни и поголеми бури. Метеролозите се согласни дека една од последиците на глобалното затоплување е екстремниот пораст на врнежи и дека поради порастот на глобалните температури трендот на зголемени дневни врнежи ќе продолжи да расте.
- Ураганот „Харви“ кој го погоди Хјустон е невреме кое што се случува еднаш во 1.000 години. Но, очекуваме дека бројот на урагани како последица на загревањето на океаните и атмосферата значително ќе се интензивира во текот на овој век, смета Кери Емануел, професор по атмосферска наука на универзитетот МИТ во Кембриџ, САД.
Според заменик директорот на Институтот за истражување на климатските промени во Потсдам, Штефан Рамсторф „логична последица на глобалното загревање е глобално зголемување на екстремните врнежи“.
Најголема закана за луѓето од ваквиот развој на климатските промени се поплавите кои што се резултат на силните врнежи кои ги носат силните бури и урагани, предупредува германскиот метеоролог.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
