Најмалку 18 убиени во Авганистан во напади врз провладините сили
Најмалку 18 припадници на авганистанските провладини сили се убиени, а 12 други се ранети во ноќешните напади од страна на талибанците, за ДПА денеска изјавија официјални лица.
Десет лица загинале откако милитантите ги нападнале провладините сили во областа Шолгара, во провинцијата Балк, соопштија провинциските советници Забихулах Какар и Мохамед Ибрахим Каир Андиш. Уште тројца други се повредени во нападот, додадоа тие.
Во јужната провинција Урузган, пет полицајци загинаа, а тројца други се повредени откако милитантите извршиле напад врз безбедносен пункт во главниот град Тарин Кот, изјави портпаролот на провинцијата.
Во западната провинција Бадгис, тројца полицајци загинаа, а шестмина други се повредени во раноутринскиот напад врз безбедносниот пункт во областа Мукор, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата, Неџмудин Бурхани.
Официјални лица тврдат дека жртви имало и меѓу милитантите, но не се даваат никакви бројки.
Портпаролот на авганистанскиот Совет за национална безбедност, Џавид Фајсал, денеска изјави дека бунтовниците во текот на изминатата недела во целата земја убиле 24 цивили, дополни ДПА.
„Мирот бара посветеност да се стави крај на насилството“, објави Фејсал.
Талибанците на последниот ден од февруари во Доха склучија договор со САД, чија цел беше да се отвори патот за размена на затвореници, постапка што веќе е почната, и потенцијални мировни преговори меѓу Авганистанците, потсетува германската агенција.
Ново на Сител
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами