-->
-->
Најмалку 16 загинати во два самоубиствени напада во Кабул (ДПЛ)
-->

Најмалку 16 лица загинаа, а над 43 се повредени денеска во два самоубиствени напада извршени од талибанците во Кабул, соопшти авганистанското Министерство за јавно здравство.
Првиот напад со автомобил-бомба е извршен пред полициска станица, а по експлозијата следувала престрелка меѓу полицијата и неколкумина талибанци.
Веднаш по првиот напад, бомбаш самоубиец ја активирал експлозивната направа која на носел на себе во близина на зградата на разузнавачката служба во источниот дел на Кабул.
Според портпаролот на Министерството за здравство, Вахид Муџро, во првиот напад загинале 15 лица, а 43 се повредени, додека во вториот едно лице е убиено, а едно е повредено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Албанската министерка за Европа во официјална посета на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

СДСМ: Мигранти за пари во Македонија
-

ЕУ средства за прекугранична соработка за развој на турзимот
-

Бањата од римскиот период во Банско ќе добие заштитна конструкција, средствата обезбедени од ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
