Најмалку 16 загинати и повеќе повредени во руски напад врз Тернопил, Украина

Најмалку 16 луѓе загинаа во тежок руски воздушен напад врз западниот украински град Тернопил, соопшти денеска локалната полиција.
Локалните власти на Телеграм информираа дека најмалку 64 лица се потврдени како повредени, меѓу кои 16 деца, по ноќните напади врз станбените области во градот.
Спасувачите извлекле луѓе од уништени станови во две станбени згради од по девет ката, напиша на Телеграм министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко. Тој рече дека под урнатините сè уште има затрупани луѓе.
Фотографиите објавени од украинското Министерство за внатрешни работи покажуваат сериозни оштетувања на зградите.
Во текот на ноќта имало и масивни руски напади во источниот регион Харков, при што биле повредени повеќе од 30 луѓе.
Украинската противвоздушна одбрана регистрирала вкупно 442 напади со руски дронови и повеќе од 40 со крстосувачки ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
