Најмалку 16 загинати и повеќе повредени во руски напад врз Тернопил, Украина

Најмалку 16 луѓе загинаа во тежок руски воздушен напад врз западниот украински град Тернопил, соопшти денеска локалната полиција.
Локалните власти на Телеграм информираа дека најмалку 64 лица се потврдени како повредени, меѓу кои 16 деца, по ноќните напади врз станбените области во градот.
Спасувачите извлекле луѓе од уништени станови во две станбени згради од по девет ката, напиша на Телеграм министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко. Тој рече дека под урнатините сè уште има затрупани луѓе.
Фотографиите објавени од украинското Министерство за внатрешни работи покажуваат сериозни оштетувања на зградите.
Во текот на ноќта имало и масивни руски напади во источниот регион Харков, при што биле повредени повеќе од 30 луѓе.
Украинската противвоздушна одбрана регистрирала вкупно 442 напади со руски дронови и повеќе од 40 со крстосувачки ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
