Најмалку 15 загинати во експлозија на пазар во пакистанскиот град Парачинар
Најмалку 15 лица погинаа, а 50 се ранети во експлозија што денеска одекна на пазар во Парачинар, град во мнозински шиитска област на северозапад од Пакистан, јави Танјуг.
Експлозијата одекнала на преполниот пазар во областа Курам, на границата со Авганистан.
Локални претставници стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде поголем.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, пренесуваат француските медиуми.
На снимките на локалната телевизија се гледа како стотици лица бегаат од пазарот, на кој главно се продава половна облека.
Речиси половината од ранетите се наоѓаат во критична состојба, наведуваат лекарите од локалната болница.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Оваа област е позната по судирите меѓу сунитите и шиитите, кои сочинуваат околу 20 отсто од вкупната популација на Пакистан, земја со 200 милиони жители.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати и 134 повредени во пожарот во фабриката во рускиот Рјазански регион
-
ПОЦ: Минатата недела санкционирани се 103 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје
-
Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја присили Русија на мир
-
ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство
-
Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
-
Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш