Најмалку 15 загинати во експлозија на пазар во пакистанскиот град Парачинар
Најмалку 15 лица погинаа, а 50 се ранети во експлозија што денеска одекна на пазар во Парачинар, град во мнозински шиитска област на северозапад од Пакистан, јави Танјуг.
Експлозијата одекнала на преполниот пазар во областа Курам, на границата со Авганистан.
Локални претставници стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде поголем.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, пренесуваат француските медиуми.
На снимките на локалната телевизија се гледа како стотици лица бегаат од пазарот, на кој главно се продава половна облека.
Речиси половината од ранетите се наоѓаат во критична состојба, наведуваат лекарите од локалната болница.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Оваа област е позната по судирите меѓу сунитите и шиитите, кои сочинуваат околу 20 отсто од вкупната популација на Пакистан, земја со 200 милиони жители.
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица
-
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба
-
Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар
-
ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери
-
Владата одлучи - ќе се враќа оградата околу владината зграда
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство