Најмалку 15 загинати на протестите против Мисијата на ОН во ДР Конго

Најмалку 15 лица загинаа, а околу 50 се повредени во вториот ден од насилните протести против Обединетите нации во градовите Гома и Бутембо во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија властите. Учесниците на протестот ги нападнаа зградите на ОН, па меѓу загинатите има и демонстранти и персонал на ОН.
Бунтовници фрлаа камења, уништувале и палеле згради на ОН во Гома. Протестите почнаа во понеделникот, кога стотици луѓе нападнаа и ограбија складиште на ОН во Гома, барајќи Мисијата да ја напушти земјата. Протестите вчера повторно се разгореа и се проширија до Бутембо, околу 200 километри северно од Гома.
Протестите се иницирани од младинската фракција на владејачката партија, која ја обвинува Мисијата на ОН, позната како МОНУСКО, дека не ги заштитила цивилите од насилството на милициите.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
