Најмалку 140 авганистански војници убиени во напад на талибанците врз воена база
Најмалку 140 авганистански војници се убиени во вчерашниот напад на талибанците, врз воена база во градот Мазар и Шариф, во северен Авганистан, соопштија авганистанските власти.
Претставник на властите изјави дека има многу ранети, поради што постои можност бројот на жртвите да се зголемува. Изворот побарал да остане анонимен, со оглед на тоа дека Владата се уште не изнела официјални податоци за загинатите.
Американски претставник вчера од Вашингтон соопшти дека над 50 лица се убиени во нападот.
Подоцна авганистански извор нагласи дека во нападот се убиени 50 и ранети 76 лица, но бројот на жртвите може да се зголеми.
Околу десетмина талибанци, облечени во униформи на авганистанската армија и со воени автомобили, упаднале вчера во базата и отвориле оган врз војниците, од кои дел јаделе во мензата или излегувале од џамијата по петочната молитва.
Напаѓачите користеле рачни противтенковски мини и автоматски пушки.
Портпаролот на талибанците изјави денеска дека нападот бил одмазда за неколку високи талибански команданти, кои неодамна беа убиени во Северен Авганистан.
Мазар и Шариф е главен град на провинцијата Балх.
Ново на Сител
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот
-
Закани и физички напад меѓу активисти на две партии додека делеле изборен материјал во Куманово
-
Во рок од два дена приведени 8 лица од Скопје откако кај нив е пронајдена дрога
-
Во дом за згрижување на деца во Скопје, малолетници имале сексуални односи пред 12-годишно дете од домот