Најмалку 14 загинати во земјотресот во Тајван, 150 лица се водат за исчезнати
Во силниот земјотрес на југот од Тајван, во текот на кој дошло до уривање на една зграда од 17 ката, погинале најмалку 14 лица, меѓу кои се 10 дена старо девојче и едно мало дете, информираа денеска локалните власти.
Се стравува дека уште 150 лица се затрупани под урнатините, пренесоа американските медиуми.
Околу 800 војници, заедно со припадниците на спасувачките екипи и кучиња тргачи, се во потрага по преживеани.
Спасувачките служби на градот Тајнан информираа дека две деца и две возрасни лица се најдени мртви под урнатините на зградата, како и дека потрагата по преживеаните е се уште во тек.
Најмалку 230 лица се живи извлечени од под урнатините, додека речиси 380 лица се здобиле со повреди во силниот земјотрес.
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степни според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужен Тајван, информира Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри јужно од градот Јуџинг, наведува Институтот.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО