Свет
25. February 2017 - 9:10

Најмалку 14 загинати во два бомбашки напади врз силите за безбедност во сирискиот град Хомс

При два бомбашки напади извршени од бомбаши-самоубијци во штабот на владините безбедносни сили во градот Хомс во централна Сирија убиени се најмалку 14 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

- Во зградата во центарот на третиот по големина град во земјата се наоѓаат канцелариите на службата за државна безбедност и на военото разузнавање на режимот на Башар ал Асад, изјави Рами Абдел Рахман, директорот на Сириската опсерваторија за човекови права.

Освен експлозиите се слушало и пукање, а при нападите бил убиен и висок офицер. 

Засега не е јасно дали напаѓачите се припадници на Исламската држава.