-->
-->
Најмалку 138 лица загинаа во свлечишта и поплави во Бразил
-->
– Бразилските спасувачи вчера открија нови тела под купишта кал во југоисточниот град Петрополис, уништен од поплави и свлечишта во кои, според новиот биланс, загинале 138 луѓе, меѓу кои 26 деца.
Обилни дождови наврнаа во вторникот во градот со 300.000 жители, кој се наоѓа на 60 километри северно од Рио де Жанеиро, претворајќи ги улиците во порои од кал и предизвикувајќи лизгање на земјиштето.
Повеќе од 500 пожарникари, хеликоптери и кучиња трагачи сè уште се мобилизирани, иако шансите за пронаоѓање на преживеани се сè помали.
Од почетокот на акцијата за спасување, пронајдени се 24 преживеани, но не е јасно колку луѓе се водат како исчезнати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП