Свет
29. August 2020 - 16:03

Најмалку 13 жртви при уривање на ресторан во Кина

Најмалку 13 лица загинаа откако се урна двокатен ресторан за време на собир што се одржал во него претпладнево, јавија кинеските медиуми.

Државната кинеска телевизија ЦТВ на социјалните мрежи објави дека, покрај 13 мртви, од под урнатините биле извлечени уште 30 лица, меѓу кои четворица со сериозни повреди.

Несреќата се случила во округот Чангфен во провинцијата Шанкси, околу 630 километри југозападно од Пекинг.

Причината за несреќата сè уште не е позната.