Најмалку 12 жртви во несреќа на река во Индија
Најмалку 12 лица се удавиле, а повеќе од 20 се водат како исчезнати во потонувањето на бротче со туристи во неделата на реката Годавари во индиската сојузна држава Андра-Прадеш, пренесува весникот Times of India.
Според весникот со бродот „Royal Vashishta“, во сопственост на министерството за туризам на државата Андра-Прадеш, се превезувале 63 патници, главно туристи кои оделе на излет во Рафамундри, од кои 17 биле спасени. Спасувачки екипи и хеликоптер се испратени на местото на несреќата во потрага по преживеани, соопштиле од полицијата.
Водостојот на реката Годавари е во пораст од минатата седмица. Пренатрупаните пловила и безбедносните пропусти често се причина за ваквите несреќи на реките во Индија, особено во периодот на монсуните. Во петокот на езеро во сојузната држава Мадја-Прадеш се преврте бротче во текот на релугиозен празник кога се удавија 11 лица. Други десет лица го загубија животите во Бопал гоага се превртеа две бротчиња во текот на нурнување во река во чест на хундиустичкот божество Ганеш.
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани