Најмалку 12 загинати во пожарот во лондонскиот станбен блок Гринфел тауер
Продолжува потрагата по настрадани во пожарот што уништи солитер во Лондон и во кој според досегашниот биланс загинаа најмалку 12 луѓе.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан изрази стравување дека бројот од 12 загинати може да биде многу поголем.
Станарите на таа 24-катна зграда со социјални станови го доведоа во прашање начинот како е граден објектот. Продолжува и истрагата за причините за пожарот.
Пожарот во зграда од 120 станови во Кенсингтон-Челси во западен Лондон, изби по полноќ во вторникот и според сведоци, се ширел со голема брзина.
Од 78 хоспитализирани, 18 се во критична состојба, а многу луѓе се водат како исчезнати.
- Сега се води комплексна операција што ќе трае повеќе денови, изјави командантот на лондонската полиција Стујарт Канди кој рече дека не очекува да бидат пронајдени преживеани.
Гренфел тауер е изграедена во 1974 година и вчера речиси целата изгоре. Експерти тврдат дека зградата нема да се урне.
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана