-->
-->
Најмалку 12 загинати и 43 повредени во рускиот напад на хипермаркет во Харков | ВИДЕО
-->
Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија.
Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад стотици метри во воздухот.
Според локалното обвинителство, телата на десет од 12-те жртви се уште не се идентификувани.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека во моментот на рускиот напад во хипермаркетот имало околу 120 луѓе.
„Нападот беше насочен против трговски центар во кој имаше многу луѓе - ова е очигледно тероризам“, рече Терехов.
Министерот за внатрешни работи на Украина Игор Клименко на Телеграм напиша дека 16 лица се уште се водат како исчезнати по синоќешниот напад во Харков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата
-
Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
-
Обвинение за криумчарење луксузни автомобили
-
Судски совет денеска избира нов претседател
-
Се трага по уште едно лице – возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар
-
Зеленски: Непредвидливоста на Трамп може да помогне да го запреме Путин
-
Дел од населбата Кисела Вода без вода
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините