-->
-->
Најмалку 12 загинати и 13 повредени во несреќа во рудник за јаглен во североисточна Кина
-->
Најмалку 12 лица загинаа, а 13 се повредени во несреќа во рудник за јаглен во североисточна Кина, јавија денеска државните медиуми.
Несреќата се случила во рудник лоциран на периферијата на градот Џиси, во провинцијата Хејлунгџанг, јави кинеската телевизија CCTV. Истрагата за причините за несреќата е во тек.
Безбедноста во рудниците во Кина е значително подобрена во последните децении, но сепак понекогаш се случуваат несреќи поради недоволно почитување на правилата за заштита при работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот
-
Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан
-
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Макрон за предлогот на Путин: На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје