Најмалку 11 загинати во експлозиите на бриселскиот аеродром
Најмалку 11 луѓе загинаа, а 20 се повредени во експлозии на бриселскиот аеродром Завентем, јавуваат локални медиуми.
Аеродромот ја прекина работата, откако изутринава беа регистрирани две експлозии, кои според „Раша тудеј“ се случиле на терминалот за летовите на компанијата „Американ ерлајнс“.
Засега не се познати причините за експлозиите.
Белгиското Федерално јавно обвинителство во петокот покрена официјално обвинение против Салех Абдеслам за поврзаност со нападите во Париз во ноември минатата година.
Според белгиските медиуми, во обвинителниот акт Абдеслам се товари за „убиства од терористички мотиви“ и за „учество во терористичка група“, која ги извршила нападите во Париз на 13 ноември 2015 година.
За истите дела е обвинет и соработникот на Абдеслам, Монур Ахмед Алај познат како Амир Шукри.
Абдеслам и Алај беа уапсен во четвртокот за време на акција на белгиската полиција во Брисел.
Ново на Сител
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија