-->
-->
Најмалку 11 турски полицајци се убиени во бомбашки напад
-->
Најмалку 11 полицајци се убиени, а 70 лица се повредени во бомбашки напад врз полициска станица во градот Чизре, во југоисточниот дел на Турција.
По нападот започнала престрелка меѓу полицијата и напаѓачите.
Нападот бил извршен од припадниците на Курдската работничка партија (ПКК), кои во утринските часови ја нападнале станицата со камион наполнет со експлозив.
Според официјални претставници, двајца од повредените се наоѓаат во критична состојба.
Патот Ширнак-Чизре е затворен за сообраќај, а голем број згради и продавници се оштетени во нападот.
На местото на инцидентот веднаш биле испратени возила на итна помош.
Чизре се наоѓа во покраината Ширнак, која граничи со Сирија и Ирак и каде живеат голем број Курди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник