Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
Најмалку 104 лица го загубија животот во поплавите во селото Касаба во близина на брегот на езерото Тангањика во источниот дел на Демократска Република Конго.
Обилните дождови ги предизвикаа поплавите, а дојдовните води однесоа големи камења, дрвја и кал, пред да ги срамнат со земја куќите на брегот на езерото.
Повеќето од жртвите се деца и постари лица. Повредени се 28 лица, а 150 куќи се уништени.
Според локалните граѓански организации, денеска се пронајдени 119 тела.
Селото Касаба е достапно само преку вода, а нема мрежа за мобилна телефонија, изјави еден хуманитарен работник.
Ваквите катастрофи се честа појава во Демократска Република Конго, особено по бреговите на големите езера во источниот дел на земјата, опкружени со ридови соголени од уништувањето на шумите.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер