Најмалку 10 загинати во насилни протести поради пензиски реформи во Никарагва
Во насилни протести против предложени измени на пензискиот систем на Никарагва загинаа најмалку 10 луѓе во изминатите два дена, соопшти денеска владата на таа држава.
Станува збор за најголеми протести откако претседателот Даниел Ортега пред 11 години дојде на власт во таа централноамериканска држава.
Со планот на владата ќе мора да се одвојуваат поголеми придонеси за пензискиот систем, а новиот закон предвидува и намалување на пензиите за пет отсто.
Владата изрази подготвеност за преговори.
- Се очекува Ортега денеска формално да повика на преговори, изјави Росарио Муриљо, потпретседателка на Никарагва која потенцираше дека 10 нејзини сонародници загинале во протестите.
Опозицијата соопшти дека во протестите има најмалку 20 тешко повредени. Протестите се најмасовни во главниот град Манагва веќе три дена по ред.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол