Најмалку 10 индиски војници загинаа од лавина во Кашмир

Најмалку десет индиски војници загинаа во реонот на провинцијата Кашмир, во два одвоени инциденти со уривање на лавина, соопштија денеска индиските воени власти.
Во првиот инцидент, седумина војници настрадале, кога лавина се урнала врз нивната патрола која се движела во близината на „Контролата линија“ во провинцијата, која е фактички граница меѓу Индија и Пакистан.
Во друг таков инцидент, тројца индиски војници загинале кога врз еден контролен пункт се урнала голема снежна маса. Во овој инцидент, седумина војници се спасени, но се стравува дека под снег би можело да има уште жртви.
Инцидентите со индиските војници се случиле во реонот на глечерот Сијачен, што важи за воено поприште сместено на највисока надморска височина.
Првинцијата Кашмир која се наоѓа под Хималаите, со децении на ред е причина за политички недоразбирања и воени судири межу Индија и Пакистан.
По последниот таков судир, оваа провинција во која повеќето од населението се муслимани, е поделена меѓу овие две соседни земји, иако ниту Њу Делхи, а ниту Исламабад се задоволни од тоа.
Индија смета дека има меѓународни документи со кои и се дава има правото на сувереност врз целата територија на Кашмир, додека Пакистан инсистира оти провинцијата е под индиска „окупација„ затоа што населението сака таа да биде дел од пакистанската територија.
Лавините не се реткост во кашмирскиот регион, па секоја година, жртви има меѓу индиските и пакистанските војници кои таму се стационирани.
Обилните снежни врнежи оваа зима, предизвикаа вистински хаос во поделената провинција, блокирајќи ги патиштата и железничките линии.
Индиските власти јавуваат дека жртви на големиот снег има и межу цивилите, откако од паѓање на голкема снежна маса, загинало едно четиричлено семејство.
Ново на Сител
-

Истражување на Галуп: Во Србија само 27 проценти од граѓаните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра
-

Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга
-

Обвинителен акт против седум лица за даночна измама, меѓу нив и бизнисменот Ристо Крмзов
-

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
-

Приведени возачи од повеќе градови кои возеле под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајка
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
