-->
-->
Најмала излезност во Изборната единица 6 до 11 часот
-->
Екипата на ТВ Сител се наоѓа во населено место Челопек во општина Брвеница којашто е дел од шеста изборна единица во којашто до 11 часот се регистрирани 28.672 лица или 9,26%.
Ова значи дека во ИЕ6 има најмала излезност во споредба со останатите 5 изборни единици.
Гледано според општините најголема излезност во ИЕ6 има во најбројната општина односно во општина Тетово каде се регистрирани 11,79%, во општина Гостивар излезноста изнесува 10%, во општина Брвеница излезноста до 11 часот е 10,18%, во останатите општини е помала во Боговиње 7,10%, во Врапчиште 6,87%, а најслабо до сега е во Кичево 5,12%, во Јегуновце излезноста до 11 часот изнесува 10,28%.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
