Најлуда авантура: Ја продале колата и со бебето тргнале на пат околу светот
Керен Едвардс е медицинска сестра која со својот сопруг Шон од Лондон одлучиле да тргнат на пат околу светот заедно со своето тримесечно бебе.
Ја продале колата, ги спакувале личните работи, ја издале куќата и со еден ранец на грбот тргнале во најлуда авантура. Шон ја напуштил работата, а Керен вели дека нејзиното семејство си помислило дека таа полудела кога им ги кажала плановите.
Ја прошетале Ирска, Сингапур, Австралија, Индонезија, Малезија, Виетнам, Тајван и Хонгконг. Во текот на патувањето Карен ја доела малечката Есма, која редовно ја вакцинирале. Кога се вратила дома, Есма имала 17 месеци.
Тие двајца имале доволно пари за патот кој ги чинел 10.000 фунти благодарение на нејзината плата и работата на Шон како пејсажен архитект која му овозможила да заштеди нешто пари. Повеќето летови ги букирале неколку месеци пред да ја напуштат Британија додека и двајцата земале цела плата.
-Воопшто не се каеме што ја зедовме со нас, доживеа нови работи, стекна искуства и тоа е неверојатно. Единствено што почувствував дека Есма пропуштила е тоа што немаше многу деца околу неа со кои би се дружела, искрена е таа.
-Најчудно беше кога конечно се вративме дома. Есма никаде не живееше подолго време туку постојано се преместувавме од хотел во хотел. Многу е тешко во Лондон да се најде нешто интересно за неа, ништо не е поинтересно од патувањата, додава Карен.
Ново на Сител
-
Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители
-
Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%
-
На ГП „Блато“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потернца
-
Во Штип до 11 часот гласале 10,89 проценти од избирачите
-
Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци
-
МВР: Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени
-
Приведен кавадарчанец со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила застанати на црвено светло
-
Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер