„Најки“ поведе тужба против раперот Лил Нас Екс и неговите сатанистички патики
Компанијата „Најки“ одлучи да го тужи уметничкиот колектив „МСЦХФ“, поради нивните „сатански обувки“ („Satan Shoes), коишто содржат човечка крв. Патиките се производ на соработката меѓу „МСЦХФ“ и раперот Лил Нас Екс. Сите 666 пара се распродадени вчера.
Контроверзните обувки го содржат знакот на „Најки“, но и крст свртен наопаку, сатанистичка ѕвезда и капка човечка крв, а еден чифт чини 1.018 долари. Патиките се засноваат на моделот „Ер макс 97“ на „Најки“, но на нив има и натпис „Лука 10:18“, што се однесува на Евангелието по Лука и стихот „Видов како Сатаната паѓа од небото како молња“ .
„Најки“ првично се дистанцираше од овој модел, но потоа реши да поднесе тужба за повреда на трговскиот бренд.
Патиките беа претставени заедно со нова песна од Лил Нас Екс, насловена „Montero (Call Me By Your Name)“. На видеото раперот се спушта на столб од рајот во пеколот.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен