Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека најголем дел од трговците го почитуваат укажувањето што им беше упатено за да ги вратат цените на производите на ниво од пред зголемувањето што го направија откако стапи во сила акцијата „Новогодишна кошница“ за што алармираа граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски денеска рече дека ќе се следи состојбата и доколку има девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Потсети дека секогаш е на располагање можноста за повторно ограничување на цените со одлука на Владата.
– Утрово разговарав со министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на ДПИ дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето што јавно го упативме до нив. Очекувам во периодот што следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на ДПИ ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Инаку, последната мерка што Владата ја има на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување и замолница ја почитуваат, изјави Мицкоски, по презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи.
По поплаките од граѓаните за пoскапувањата на основните прехранбени производи што не беа опфатени ос Новогодишната кошничка, Мицкоски завчера најави робусна реакција на Владата во наредниот период, а министерот за економија Бесар Дурмиши информираше дека Државниот пазарен инспекторат на терен прави анализи како се движеле цените во изминатите три месеци и оти по зваршување на анализите ќе се донесе одлука дали ќе бидат донесени поригорозни мерки.
Ново на Сител
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Ноќеска голем пожар подметнат во сервис за возила пред Пинтија
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина