Живот
11. јуни 2017 - 12:24

Најголемата опасност за летото: Ако ве касне стршлен направете го ова и спасете си го животот

Летото е период кога сите мачиме мака со инсекти, осу, пчели, комарци...но сите знаеме колку е опасно да не касне стршлен. Во некои случаи може да дојде до шок, алергиска реакција, и тогаш ситуацијата е многу опасна по животот и здравјето.

Најубаво е да се избегнуваат авантурите на места каде има стршлени, но ако веќе дојде до тоа да ве касне стршлен, веднаш истиснете го местото и ставете ладен облог. 

Доколку отечете, веднаш треба да побарате лекарска помош без одложување, или ако почувствувате некаква алергиска реакција.

Ако нема лекар во близина, а човекот е во состојба на шок, симптомите може да се ублажат со адреналинска инјекција, однапред спремена. Потребно е да имате и таблети за такви појави кои ќе ви ги препорачаат од аптека.

Ако немате лед, може да употребите и метална лажица или друг ладен предмет за отокот.