Најголем раст на германскиот БДП во последните пет години
Германскиот бруто домашен производ (БДП) во 2016 година се зголемил за 1,9 отсто во споредба со 2015, објави денеска германската агенција за статистика „Дестатис“.
Како што јави дописниот на МИА од Берлин, растот на германскиот БДП се должи на малата невработеност и зголеменото трошење на Владата со што Германија е една од најбрзо растечките економии меѓу водечките сили во светот. Сличен раст од 1,8 отсто Германија последен пат забележа во 2011 година.
- Забавувањето на растот во третиот квартал е надминат, се вели во месечниот извештај за економскиот раст, објавен денеска од Министерството за економија во Берлин.
Според Министерството, растот се должи на солидното индустриско производство и глаобалните економски состојби.
Германија годината ја заврши со суфицит во висина од 6,2 милијарди евра со што трета година по ред ги надмина проекциите за прибрани даноци.
Германскиот министер за финансии Волфганд Шојбле одбива овие пари да се користат за намалување на даноците во изборната година, туку за враќање на надворешниот долг на Германија.
Ново на Сител
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
-
Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија