-->
-->
Најдобриот другар го пуштил во куќата да преспие, а тој ја силувал неговата сестра!
-->
В.М (33) од село во околината на Бољевац е уапсен под сомнение дека минатата недела, два пати ја силувал Л.С (26) од истото село во нејзиниот дом, додека нејзиниот брат спиел во другата соба.
Како што пишува „Блиц“, медицинските прегледи откриле дека девојката имала сексуален однос, но немало повреди на нејзините интимни делови од телото.
Осомничениот признал дека имал секс со девојката, но негирал дека ја силувал, односно дека таа се согласила на тоа, пишува „Блиц“.
Според В.М, кој живеел во Австрија, поради семејни проблеми, тој не можел да спие во неговата куќа, а во помош му се понудил неговиот најдобар другар С.С, братот на Л.С кој го повикал да спие кај него.
Потоа, тој отишол во собата на неговата сестра и ставил рака на устата и и се заканил дека ќе ја убие ако вреска и ја силувал.
Утрото, девојката и раскажала се на една повозразна познаничка, која не и поверувала, а потоа отишла кај соседите и со солзи во очите им кажала. Соседите го повикале нејзиниот брат, но откако тој слушнал за тоа рекол дека не верува во нејзината приказна.
Откако се вратила дома, В.М го пратил својот другар да му стави кредит на мобилниот телефон и додека тој бил надвор од куќата, наводно, повторно ја силувал девојката.
После половина час, несреќната Л.С дотрчала кај соседите кои веднаш повикале полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место