-->
-->
Најава за нови апсења во Турција
-->
Турските власти издадоа денеска налог за апсење на 166 луѓе меѓу кои полициски претставници во рамки на нова операција по обидот за пуч.
Истрагата првично беше фокусирана на полициски управи во Истанбул, но потоа се прошири ширум 35 провинции, а цел се најмногу луѓе кои користеле малку позната апликација за испраќање пораки на телефони позната како Бајлок, јави Анадолија.
Од средината на јули кога беше обидот за пуч, уапсени се околу 32.000 луѓе кои чекаат судење, додека повеќе од 100.000 вработени во јавниот сектор се суспендирани до работа.
Турски висок претставник во август рече дека турската разузнавачка служба идентификувала најмалку 56.000 оперативци на мрежа на Ѓулен врз основа на употребата на таа апликација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник