Наградени прилепските ученици за конкурсот „Хуманоста - темел во меѓучовечките односи“
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски им ги врачи наградите на учениците, кои имаа најдобри раскази на конкурсот што за сите основни училишта го распиша општина Прилеп на тема „Хуманоста - темел во меѓучовечките односи“, а по повод чествувањето на патронот на градот, „Свети Никола“.
Ерика Јованоска од прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ ја доби првата награда за расказ, второто место го поделија учениците Иван Танески и Борис Ночески од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“, а третото место ѝ припадна на ученичката Матеа Стојаноска училиштето „Рампо Левката“.
- Благодарна сум зошто учествував на ваков натпревар, со пишување се занимавам уште од мала. Но, поинтензивно кога почна да ми предава наставничката Сузана Николоска која освен што ми е ментор заедно имаме добиено многу награди“,рече првонаградената Ерика Јованоска при денешното врачу7вање на наградите.
Градоначалникот Јованоски на сите ученици им подари книги и дипломи. Од буџетот на општина Прилеп, наменет за поттикнување на развојот на образованието на учениците, им се доделени и парични награди. За првата награда предвидени се 3.000, за втората 2.000 и за третата награда илјада денари.
Ова е само една од повеќето активности кои се организираат во Прилеп по повод патрониот празник на градот - „Свети Никола“. Во тек е и хуманитарен турнир во мал фудбал (до 28 декември), а собраните средства ќе бидат неменети за опремување на нов Центар за децата со церебрална парализа.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски