Награден конкурс „Собирај за уметност“
Користење на амбалажен отпад во уметноста и со тоа зголемување на свеста на луѓето за отпадот и поттикнувајќи ги на размислување како на креативен начин нешто старо и искористено да го претворат во нешто сосема поинакво, има за цел наградниот конкурс „Trash for art 2016“, што шеста година по ред го организира „Пакомак“.
Наградниот конкурс, како што информира организаторот, е отворен за возрасни и деца што ќе се натпреваруваат во три категории и тоа: градинки, основни училишта и поединци и останати институции. Во секоја категорија за првопласираниот е предвидена награда од 30.000 денари, за второпласираниот 20.000 денари и 10.000 за третото место.
Споерд менаџерот за грижа на корисници во Пакомак Ико Брдароски, инспирацијата е секаде во опкружувањето.
- Сакавме да ги поттикнеме учесниците дека со воља, вештини и сосема малку или воопшто никакви вложени финансиски средства може да креираат нешто конкретно, функционално и убаво, а притоа да освојат вредни награди и да го добијат статусот на еколошки-ангажиран уметник, изјави Брдароски.
Сите што сакаат да учествуваат во овогодинешниот „Trash for art 2016“ можат да ги пријават своите дела најдоцна до 20 декември во Конгресниот центар „Александар Македонски“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак