-->
-->
Наградата на ДАФ за аматерите од Врање,Србија
-->
Со настапот на студентите од втора година на факултетот за Драмски уметности од Скопје и со соопштувањето на наградените, синоќа во Кочани беше спуштена завесата на 52-то издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) на Македонија, кој од 23 до 28 мај се одржа по 40 пат во овој град.
Жирито во состав Здравко Митков,Јанка Лефкова и Благој Веселинов,Гран при наградата „Васил К.Кортошев“ на годинешниот ДАФ им ја додели на Младинската сцена од Врање за претставата „Водач“ на текст од Радоје Домановиќ во режиј на Бојан Јовановиќ.
Наградата за режија му припадна на Зоран Ракочевиќ за претставата„Авионспотинг“ во изведба на Кочашинскиот аматерски театар од Колашин,Црна Гора.
Наградата за машка улога ја доби Александар Арсов за улогата на Ломов во претставата „Просидба“ од Чехов во изведба на кочанскиот аматерски театар, додека наградата за најдобра женска улога и беше доделена на Марија Горгиева за улогата на Наталија во претставата „Просидба“ во изведба на кочанскиот аматерски театар.
Наградата за уметнички иновации и истражувања на годинешниот ДАФ ја доби претставата „Авионспотинг“ во изведба на Колашинскиот аматерски театар од Колашин,Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол