Награда за Никола Ристановски на фестивал во Србија
Никола Ристановски доби награда за најдобар актер на 25. Меѓународен театарски фестивал на класици „Вршачка театарска есен“ во Србија. Наградата ја доби за улогата Иванов во истоимената претстава по текст на Антон П. Чехов, во продукција на Народно позориште Белград.
- Стручното жири, во состав: Слободан Савиќ (претседател на жирито и театарски критичар), Душан Белача (писател) и театарскиот режисер Александар Швабиќ, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да му се додели на Никола Ристановски. Ова е негова 48 награда, соопшти Македонскиот народен театар.
Оваа претстава во јуни годинава гостуваше и го затвори 4. Меѓународен фестивал МНТ Фест во Скопје. Режијата и адаптацијата се на Татјана Мандиќ-Ригонат. На матичната сцена во Белград претставата премиерно е изведена во октомври минатата година.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид