Награда „Топ менаџер“ од ИРУ за 10 македонски превозници

Десет манаџери од транспортни фирми од Македонија, превозници на патници и стоки, денеска добија награда „Топ менаџер“ за 2016 година, што ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ).
Признание од ИРУ добија Трајче Митревски од транспортната фирма „Александар ВЕ“, Беким Халими - „Арбнор шпед“, Ангел Велинов -„Балекс“, Пеце Атанасовски – „Чкрепа транс“, Дејан Трајчески - „Деко транспорт“, Тони Каранфиловски – „Квалитет пром“, Тодор Симитчев – „Симит шпед“, Горан Талевски – „Риваса“, Анастазија Икалчева и Масар Омерагич - „Руле турс“.
Македонските транспортни се дел од тимот на 69 најдобри менаџери во транспортот од 15 држави во светот, за кои Генералното собрание на – ИРУ на 7 април донесе одлука да ги награди со своето највисоко признание, соопшти транспортната асоцијација СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ.
- Наградата „топ менаџер“ е потврда на вашите лидерски и менаџерски достигнувања, како и професионално искуство во промовирање на сигурен, безбеден, еколошки и ефикасен патен транспорт. А се со цел поуспешно работење на транспортерите, што соодветно ќе го валоризираат и наградата и општествената заедница, а еве и Меѓународната унија за патен транспорт, изјави Емил Милев, управител на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ, кој ги додели наградите.
Наградата на ИРУ се состои од сертификат „ТOP MANAGER“ за 2016, значка со лого на наградата и USB со обележјата „ТOP MANAGER“ на годината, што наградените можат да ги користат на разни документи, меморандуми, визит карти и слично.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
