Награда „Лидери на Медитеранот“ за премиерот Зоран Заев
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, на завршната свеченост на Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон, во име на премиерот Зоран Заев ја прими наградата „Лидери на Медитеранот“, што се доделува за особен придонес во поттикнување на трговијата и инвестициите во Медитеранот, соопшти владината прес-служба.
- Наградата која ја примам, во име на премиерот Зоран Заев, е признание за неговата работа, но и за работата на Владата што ја предводи. Бидејќи добро го познавам и имам можност секојдневно да работам со него, тврдам дека оваа награда ќе оди во вистински раце, изјави вицепремиерот пред присутните.
Анѓушев во обраќањето, заблагодарувајќи се за наградата во име на премиерот Заев, даде кус осврт на политичката ситуација во Македонија во изминатите две години и ги потврди евроатлантските амбиции на земјата.
Анѓушев потенцира дека Заев во изминатите две години, работеше во интерес на граѓаните, со јасна цел да ја врати Република Македонија на вистинската патека, во насока на евро-атлантска интеграција на земјата.
- Ве уверувам дека Владата ќе работи одговорно и посветено да стигнеме до целта на ова патување, а тоа е Република Македонија да стане дел од НАТО и ЕУ. Оваа награда ја препознаваме како поддршка за досегашната работа, а се надеваме дека еден ден Република Македонија ќе биде полноправен член на ЕУ и НАТО, развиена земја со силна економија, истакна Анѓушев.
Вкупно беа доделени осум награди „Лидери на Медитеранот“, а единствен лауреат од регионот е македонскиот премиер Зоран Заев, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот