Македонија
17. October 2017 - 9:06

Награда „Голден орикс“ за најдобар млад џез-музичар за 2017

Награда „Голден орикс“ (Golden Oryx) за најдобар млад џез-музичар за 2017 година вечер ќе му биде доделена на тапанарот Виктор Филиповски.

Доделувањето на наградата го организираат Скопски џез-фестивал во сорабтока со Катар Ервејс.

По повод доделувањето на наградата ќе настапи квартет во кој покрај Филиповски се и Тони Китановски - гитара, Кирил Кузманов - саксофон, Иван Бејков - бас.