Наесен фирмите ќе можат да ги користат 100-те милиони евра од ЕИБ
Наесен 100-те милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија. Министерството за финансии изготви Закон за гаранција што денеска ќе биде разгледан на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието.
Откако Собранието ќе го усвои законот, ќе се потпише договор меѓу Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот, како и Министерството за финансии во својство на гарант на заемот. Со тоа, 100-те милиони евра ќе станат достапни за малите и средни претпријатија.
- Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници. Со ова ќе се обезбеди свеж капитал за малите и средни претпријатија, ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања, ќе се зголеми ликвидноста во стопанството и ќе се зголеми извозот, информира Министерството.
Ново на Сител
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија