Живот
29. May 2020 - 20:38

Надвор од сончевиот систем е откриена планета слична на нашата

Астрономите конечно го потврдија тоа што досега само се претпоставуваше – постоење на планета надвор од нашиот сончев систем која што би можела да биде погодна за живот.

Благодарение на соработката на над 90 европските научници и големиот телескоп на Европско-јужниот опсерваториум, тие успеале успешно да ја одредат локацијата на ѕвездата Proxima Centauri, планетата Proxima b која што се врти околу неа, но и да тргнат во потрага кон други планети кои што можеби се наоѓаат во близина.

Така откриле дека ѕвездата Proxima Centauri одблиску не е толку сјајна како нашето Сонце затоа што емитира една шестина од сончевата енергија. Покрај тоа планетата Proxima b е многу поблиску до таа ѕвезда отколку Меркур до нашето Сонце, а орбитата ѝ трае само 11 земјини денови. Но, и покрај тоа температурата на површината на таа камена планета е слична на онаа на планетата Земја, па постои можност за развој на живот.

Меѓутоа, поради близината на планетата до нејзината ѕвезда, научниците се плашат дека силниот проток на енергија од ѕвездата во целост би уништиле било какви траги на атмосфера на таа планета.

Тоа би оневозможило и отежнало развој на живот на таа планета – онаков каков што ние го знаеме.

Истражувањето кое ќе биде објавено во списанието Astronomy & Astrophysics на Европската јужна опсерваторија, а моментално е објавено како труд во отворениот архив ArXiv, би требало да открие дополнителни детали за оваа планеа.