Бизнис
27. July 2022 - 16:45

Надлежните уверуваат дека Македонија има обезбедено јаглен и мазут за електрична енергија

Обезбедени се доволни количини на јаглен и мазут за производство на струја за првите месеци од претстојната грејна сезона, тврди директорот на ЕСМ. Во тек се преговори и за дополнителни количини кои, според Ковачевски, ќе бидат доволни за покривање на потребите во до сега енергетски најтешката зима.

Надлежните сепак повикуваат на штедење и рационално користење на струјата, бидејќи овој енергенс на светските берзи надмина цена од 500 евра за мегават час, што е за околу 6 пати поскапо од периодот пред кризата.

За Владата прифатливи се предлог мерките на Македонската енергетска асоцијација, кои ќе стапат во сила веднаш по прогласувањето на кризната состојба, односно во текот на следната недела.

Со оглед на тоа што некои држави воведоа конкретни мерки за справување со енергетската криза и дел од нив веќе забранија извоз на електрична енергија, Владата ќе се обиде да обезбеди гаранции дека соседите нема да го блокираат протокот на електрична енергија, со цел земјава да има алтернатива за снабдување со струја во непредвидени услови.