Loading Video...
Свет
15. February 2023 - 12:24

Надеж за преживеани во Турција и 10 дена по земјотресот

И по девет дена од стравичниот земјотрес од под урнатините во Турција се вадат преживеани лица. Денеска по поминати повеќе од 220 часа од потресот во турскиот град Караманмараш се спасени две жени, едната на 42, другата на 77 годишна возраст.

Поради ваквите случаи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика да се продолжи со спасувачките напори во сите погодени места во кои се уште не се пронајдени сите исчезнати лица. Досега во Турција се пријавени над 35.000 жртви што овој земјотрес го прави најсмртоносен во изминатите 85 години.

Во Сирија сликата е потешка бидејќи хуманитарна помош не пристига во земјата речиси од никаде, поради тоа жителите од сите делови на земјата сами се организираат да им помогнат на своите сонародници од север. Досега во оваа земја се пријавени над 6000 жртви.