Надеж: Детето што го осакатија шимпанза ќе оди на операција

Осумгодишно момче од африканската Република Конго пред две години го нападнаа и тешко го повредија две шимпанза додека си играл во поелто. Неговиот брат тогаш го убиле. Во понеделник момчето ќе биде оперирано.
Две години по страотниот напад, во понеделник осумгодишниот Дуниа Сибдоман во Њујорк ќе биде опериран за првпат во обид да му се вратат усните на детето и тие да имаат нормална функција со што ќе му се подобри говорот и да му се запре постојаното лигавење. Се претпоставува дека оваа операција ќе трае околу 8 часа.
Во текот на операцијата лекарите ќе користат ткива и нерви од подлактицата на момчето за да формираат нови усни. Дуниа ќе биде најмладиот пациетн кој ќе има ваква операција. Во претходните два случаи станува збор за повозрасни лица.

Инаку нападот се случи во африканскиот регион кој е дома на најголемите шимпанза во светот. Лекарите велат дека Дуниа и неговиот брат се нашле на погрешно место во погрешно време. Си играле во полето, а во близина работел нивниот татко. Тој бил близу реката и не можел да ги слушне нивните крици во текот на нападот на шимпанзата. Кога стигнал било рпедоцна.
Дуниа освен што ги загуби долната и горната усна, го загубил и прстот на раката, оштетен му е слухот, и се здобил со бројни внатрешни повреди, а има и потешкотии со задржување на храна во устата.
Ако успешно поминат операциите, детето ќе зборува полесно, ќе јаде и нема да има проблем со неконтролираното лигавење.
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
