-->
-->
Надал се проби на второто место на АТП листата, македонските тенисери со подобрен ранг
-->
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 10.та титула освоена вчера на Ролан Гарос се проби на второто место на АТП листата. Тој се наоѓа на зад Енди Мареј, кој има 9.890 поени, а Надал сега има 7.285. На третата позиција е Стан Вавринка со 6.175 поени, додека пад од две места има ланскиот победник на Ролан Гарос со 5.805, додека на петото место е Рожер Федерер со 4.945.
Сите македонски тенисери имаат напредок. Томислав Јотовски скокна 45 места и со 25 поени е на 768 место со што е најдобро рангиран македонски тенисер. Следуваат: Димитар Грабул - 1.000 место (скок 15 места) 10 поени; Горазд Србљак - 1.172 место (скок 75 места) 6 поени, Стефан Мицов - 2.054 (скок 17 места) 1 поен.
Во конкуренција на двојки: Јотовски е на 597 место (скок 29 места) 86 поени, Предраг Русевски 1.366 место (скок 12 места) 10 поени, Мицов 1.606 место (скок 16 места) 6 поени, Србљак 1.617 место (без промена) 6 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања