Надал се плаши од Ковид-19 и нема да игра во Њујорк

САД опен оваа година ќе се одржи без актуелниот шампион Рафаел Надал, кој потврди дека нема да патува во Њујорк за гренд слем турнирот поради коронавирусот и во исто време го нападна ревидираниот тениски календар дека е варварски.
„По повеќе размислувања, решив да не играм на САД опен. Ситуацијата во светот е комплицирана, случаите на Ковид-19 растат и излега дека уште немаме контрола над тоа. Знаеме дека намалениот тениски календар е варварски оваа година по четири месеци пауза, но ги сфаќам напорите што се прават за да има тенис. Мадрид нема да се игра оваа година“, вели Надал.
Веднаш по САД опен во Њујорк, ќе следува преместениот „Ролан Гарос“, каде што Надал има освоено 12 трофеи.
„Ова не е одлука што ја правам лесно, но решив да го следам срцето и засега да не патувам“, вели Надал.
Бидејќи Роџер Федерер нема да игра по операцијата на коленото, САД опен ќе биде првиот гренд слем од 1999 година во кој во главната ждрепка не е ниту Надал ниту Федерер.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
