Тенис
28. October 2019 - 19:15

Надал: Нема меден месец, време е за тенис

Рафаел Надал следната недела ќе се врати на првото место на АТП-листата, но тоа не го натера Шпанецот да земе одмор и „меден месец“ со својата сопруга Чиска Перелјо, туку концентрацијата повторно се врати на тенисот.

33-годишниот Шпанец се ожени со долгогодишната партнерка минатиот викенд и веднаш потоа замина на егзицибиски меч со Новак Ѓоковиќ во Казахстан, пред да се врати на работа на Мастерсот во Париз оваа недела, по што следуваат настапите на АТП-финалето и финалето од Дејвис купот.

„По свадбата неделата беше ден за одмор, а потоа понеделник, вторник бев на тренинг. Во средата летнав за Казахстан, и во четвртокот стигнав во Париз. Неделите одмор се тука во текот на сезоната. Во тенискиот свет мора да си поставиш приоритети. Паузиравме пред свадбата, а сега е време за тенис“, вели Надал.