Тенис
13. February 2016 - 9:35

Надал на +40 во полуфинале

Во речиси ненормални услови на 40 степени целзиусови Рафаел Надал успеа да обезбеди пласман  во полуфиналето на турнирот во Буенос Аирес откако во два сета го совлада Италијанецот Паоло Лоренци со 7:6 и 6:2. По мечот шпанскиот тенисер беше лут на организаторите и на првите луѓе на АТП кои воопшто дозволија да се одигра овој дуел во пеколен амбиент.