-->
-->
Надал го „мерка“ и Вимблдон затоа не игра во Квинс
-->
Рафаел Надал одлучи да не настапи на турнирот во Квинс за да може максимално да се подготви за третиот гренд слем во сезоната, Вимблдон.
„Тажен сум што морав да ја донесам оваа одлука бидејќи сакам да играм на овој турнир. Квинс го освоив во 2008 година. Секое мое финале на Вимблдон доаѓаше по настапот во Квинс“, рекол Надал.
Надал, во неделата, ја освои титулата на Ролан Гарос што му ја донесе втората позиција на АТП листата, а доколку успее да го освои Вимблдон, тогаш по тригодишна пауза ќе се врати на првото место. Надал двапати го има освојувано Вимблдон, во 2008 и во 2010 година.
Шпанецот открил дека добил совет од лекарите дека му е потребен одмор бидејќи неговото тело било исцрпено по напорната сезона на земјена подлога.
Покрај Надал, во Квинс нема да настапи и Новак Ѓоковиќ, кој како и Шпанецот до Вимблдон нема да одигра ниту еден меч на трева.
Учеството во Квинс го потврдија бранителот на трофејот Мареј, потоа Вавринка, Раониќ, Дел Потро, Чилиќ, Димитров, Кирјос, Цонга и Бердих.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро