-->
-->
Надал го „брка“ рекордот на Федерер
-->
Рафаел Надал е сигурен дека може да го престигне Роџер Федерер по бројот на освоени гренд слем титули. Шпанецот досега има освоено 16 гренд слем титули, три помалку од Швајцарецот.
„Можно е, но ќе биде тешко. Никој не може да ми гарантира дека и на 36 години ќе играм тенис. Ќе играм додека тоа ми го дозволуваат умот и телото. Не сум уплашен или загрижен што кога-тогаш ќе мора да се пензионирам. Среќен сум и без тенисот, но во другите работи е тешко да се почувствува адреналинот што го носи спортот“, рекол Надал.
Шпанецот има најголеми шанси годината да ја заврши на првото место на АТП-листата, тој има 1.960 бода повеќе од Федерер.
По освојувањето на титулата на Отвореното првенство на САД, која за него беше 16-та на гренд слем турнирите, Надал истакна дека следна цел му е освојување на завршниот мастерс, турнир на кој никогаш не победил.

Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци